Трикратната шампионка од турнирот, Серена Вилијамс ја победи Романката Ирина-Камелија Бегу со 7:6(6)/6:2 во првото коло на Ролан Гарос, во првата вечерна сесија во историјата на гренд слемот.
39-годишната седма носителка имаше необичен прв сет, во кој водеше со 5:2, пред да дозволи Романката да стигне до 6:5 предност и да сервира за сетот, пред во тај-брејкот повторно да се врати од 6:4 со три поени за 1:0 водство. Вториот сет беше далеку полесен, откако со два брејка стигна до рутинска победа.
Светската тенисерка број 8 е шампионка од Ролан Гарос во 2002, 2013 и 2015 година, а сега во второто коло ја чека уште една Романка, Михаела Бузарнеску, светска тенсиерка број 174.
A wave to the—wait a minute ?@serenawilliams shuts down Begu 7-6(6), 6-2 to win the first #RolandGarros night session. pic.twitter.com/9csLEBTC8V
— Roland-Garros (@rolandgarros) May 31, 2021