Симеоне: Гризман се адаптира на сегашниот Атлетико

Симеоне: Гризман се адаптира на сегашниот Атлетико

пред 3 години

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Чоло Симеоне му даде поддршка на старо-новиот напаѓач на „јорганџиите“, Антоан Гризман (30) кој сè уште не ги покажува игрите кои од него се очекуваат

„Во ред е, тој беше многу среќен што се врати. Во процес е на адаптација на сегашниот Атлетико, кое е различно од она што го остави. Но, не се сомневам дека крајниот резултат ќе биде она на што се надеваме. Имаме среќа што го имаме. Ние сме на пат на кој секој играч треба да се приспособи. Ова не важи само за Гризман, туку и за Родриго де Пол. Антоан дојде во тимот за да ни даде повеќе стабилност“ рече Симеоне, пренесе „Спорт Макс“.

Атлетико го позајми Гризман од Барселона до крајот на сезоната 2021/22. Францускиот голгетер досега одигра 4 натпревари за тимот од Мадрид, но се уште не постигна ниту еден гол.

Атлетико Мадрид е бранител на шампионската титула во Ла Лига, а по 6 кола е лидер на табелата со 14 бода, еден повеќе од Реал Мадрид кој имаат одиграно натпревар помалку.

Share
Scroll to Top