Симеоне: Само вака да продолжиме

Симеоне: Само вака да продолжиме

пред 4 години

Атлетико Мадрид годината ја заврши на првото место во Ла Лига. „Јорганџиите“ со два натпревари помалку имаат два поени повеќе од Реал. Тренерот, Диего Симеоне, кој синоќа 500 пат го предводеше Атлетико, по победата над Хетафе (1:0) рекол дека е задоволен од она што го покажува неговиот тим.

„Кога дојдов овде, на челниците им кажав дека мора да одиме натпревар по натпревар, дека секој натпревар мора да го играме како да ни е последен“, рекол Симеоне.

„Минатата сезона ја остваривме целта со пласманот во Лигата на шампионите. Сега продолжуваме да „растеме“. Добро ја започнавме сезоната, од самиот почетокот сме мотивирани. Мораме вака да продолжиме“.

Новинарите го прашале Симеоне што посакува во новата година.

„Не можам да бидам себичен и да размислувам на фудбалот во овие моменти. Се надевам дека наскоро се повторно ќе биде нормално. Здравјето е над сè“, истакнал тренерот на Атлетико Мадрид.

Share
Scroll to Top