Синот го „искара“ Ѓоковиќ: Не можете да составите трамболина, а ќе играте на Вимблдон

Синот го „искара“ Ѓоковиќ: Не можете да составите трамболина, а ќе играте на Вимблдон

пред 2 години

Новак Ѓоковиќ се наоѓа во Лондон каде се подготвува за Вимблдон и како и секогаш изнајми куќа во која престојува со својот тим и со семејството за време на турнирот.

Првиот меч Ѓоковиќ го игра денеска против Кореецот Квон, а дотогаш добро се забавува во исчекување на мечот.

Имено, тој заедно со Горан Иванишевиќ и Марко Паники се обиде да состави трамболина во дворот од куќата во која се наоѓаат. И по многу вложен труд не успеаја во тоа, а потоа се слушна гласот на неговиот син.

„Како не можете да составите траболина, а ќе играте на Вимблдон“, извика Стефан и ги насмеа сите во дворот.

Особено беше забавно за Новак, кој не можеше да престане да се смее.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Share
Scroll to Top