Синсинати опен: Пер во прво четвртфинале на мастерс турнир по пауза од 8 години

Синсинати опен: Пер во прво четвртфинале на мастерс турнир по пауза од 8 години

пред 3 години

Францускиот тенисер Беноа Пер се пласираше во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Синсинати што е прво четвртфинале за него на вакво натпреварување уште од 2013 година.

Французинот во три сета со 2-1 (по сетови 7-6 6-7 6-1) беше подобар од Американецот Џон Иснер, а во борбата за полуфинале ќе се судри со рускиот тенисер Андреј Рубљов кој во два сета (7-6 и 7-6) го совлада Французинот Гаел Монфис.

Четвртфинале на машкиот турнир во Синсинати обезбеди и Данил Медведев со победата од 2-0 (6-3 6-3) против Бугаринот Григор Димитров.

Шпанецот Карењо Буста го прескокна Полјакот Хуркач (2-0), а Зверев на падот до четвртфиналето немаше никакви проблеми против Аргентинецот Пела, 6-2 и 6-3.

Место меѓу осумте најдобри обезбедија и Руд по победата од 2-0 (6-4 6-3) над Диего Шварцман, и Оже Алијасим кој со истиот резултат беше подобар од Матео Беретини од Италија.

Очекувано, место во четвртфиналето има и за Стефанос Циципас кој рано утрово во три сета со 2-1 го совлада Сонего.

Share
Scroll to Top