Трофејниот хрватски ракометен репрезентативец, Домагој Дувњак стана синоним кој годишно игра можеби најголем број мечеви, поради што трпи неговото здравје.
Неговиот соиграч од Кил – Миха Зарабец во изјава за порталот Balkan Handball, зборуваше за бекот од Хрватска.
„Дуле е топ, секако дека му е тешко по поразот од ПСЖ во ЛШ. Добар е, не сум го видел ваков цели 4 години. Беше повреден и на тренинг трчавме во 4 групи. Ландин, јас и Дуле почнавме во последната, а тој беше толку силен што веднаш прејде во третата. Баш е фит. Не знам зошто сите зборуваат дека изгледа како да ќе умре. Од прва рака можам да речам дека воопшто не изгледа така. Добро се чувствува, добро тренира“ рече Словенецот.
Тој смета дека Дувњак постојано изгледа уморно поради неуредните коса и брада.
„Секогаш вели дека не ги дава косата и брадата. Мислам дека ниту жена му не може да влијае за тоа. Секогаш се потстрижува пред летото, баш ме интересира како тоа ќе изгледа сега“ со смеење рече Зарабец.