Во двата последни меча од денешната „Боксинг деј“ понуда од 15 коло во Премиерлигата победи за фаворитите.
Манчестер Сити на својот стадион, рутинирано, искусно славеше триумф од 2-0 против екипата на Њукасл.
Момците предводени од Пеп Гвардиола до победата дојдоа пред се благодарејќи на одличната игра во поле и контролата врз топката. Поседот на топка беше 77 наспроти 23 за домашниот тим.
Играчите на Сити десетпати шутнаа кон противничкиот гол, а на двапати топката заврши во мрежата на голманот Дарлоу.
Стрелци на головите за победа и нови 3 бода беа Гундоган во 14 и Феран Торес во 55 минута.
Со овој триумф „граѓаните“ избиваат на петтата позиција на табелата со 26 бода, 3 помалку од второпласираниот Евертон кој има меч повеќе одиграно од нив.
А токму вечерва, „карамелите“ предводени од Карло Анчелоти се чини потешко од очекувањата стигнаа до победа на гостувањето кај Шефилд Јунајтед со 1-0.
Стрелец на единствениот гол на мечот беше Сигурдсон, во 80 минута.
И по ова коло, Шефилд останува единствената екипа во ПЛ која нема ниту една победа по 15 одиграни кола и со само 2 бода е закована на дното на табелата.