Ролан Гарос би можел да биде откажан

Ролан Гарос би можел да биде откажан

пред 3 години

Претседателот на Тениската федерација на Франција, Жил Моертон, најавил дека поради новите, рестриктивни мерки кои се воведени во земјата, би можел да биде откажан Ролан Гарос. Моертон потенцирал дека дали турнирот ќе се одржи или не, зависи од какви мерки на заштита од коронавирусот ќе се променуваат во Франција, во време на одржувањето на турнирот.

Сепак, Моертон, нагласил дека „не смее да помисли“, дека вториот Гренд слем во сезоната ќе биде откажан.

Минатата година поради коронавирусот, турнирот се одржа кон крајот на септември и почетокот на октомври.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во средата, го објави третото национално заклучување поради пандемијата. Оваа мерка ќе трае во наредните четири недели. Бројот на заразени во Франција расте, а критична е состојбата во регионот на Париз.

Ролан Гарос треба да се одржи од 24.мај до 6.јуни.

Share
Scroll to Top