Сити се лидери во Премиер лигата по победата над Вила во меч со неверојатен број на шанси

Сити се лидери во Премиер лигата по победата над Вила во меч со неверојатен број на шанси

пред 9 месеци

Манчестер сити стигна до 2:0 победа над Астон вила за да се искачи на првото место во премиер лигата (барем до вечерва кога Манчестер јунајтед гостува на Фулам) во меч со неверојатен број на пропуштени шанси од страна на двата тима.

На силниот дожд во Манчестер, „граѓаните“ се мачеа со упорниот тим на Вила, кој ако не беше целосно рамноправен тим, барем покажа храброст да оди на гол и на победа против силниот противник. Отпорот, конечно, беше скршен во 79. минута, кога Бернардо Силва постигна убав гол по 24 неуспешни удари на голот на противникот, а во 89. минута беше досуден пенал за домаќините, кој Илкај Гундоган сигурно го реализираше.

Манчестер сити сега се први со 38 поени од 18 меча, пред Лестер со ист број на поени од 19 меча и Манчестер сити со 37 поени од 18 меча. Актуелниот шампион Ливерпул се на четвртото место со 34, пред Тотенхем со 33 и Евертон и Вест хем со 32 во неверојатно тесна трка за врвот во Англија. Астон вила остануваат 11. со 26 поени.

Share

Watch Fairy Tail Movie 2: Dragon Cry (Dub) Episode Full

Website https://animepahe.cc: Watch Miru Tights animepahe Episode 12 anime stream

AnimeDao Watch english anime Online in HD for FREE

Promare (Dub) Episode Full

Fliphtml5: https://fliphtml5.com/homepage/hdukr

Aytoloja: http://www.aytoloja.org/jforum/user/edit/160417.page

Scroll to Top