Скандал во ЛШ, екс-помошникот на Симеоне го навреди Јамал, играчите одбија да дадат изјави

Скандал во ЛШ, екс-помошникот на Симеоне го навреди Јамал, играчите одбија да дадат изјави

пред 9 месеци

Фудбалерите на ПСЖ и Барселона, по меѓусебниот дуел во Лигата на шампионите ги игнорираа новинарите на шпанската телевизија „Мовистар“.

Стручниот консултант на телевизијата, поранешниот помошник на Диего Симеоне во Атлетик од Мадрид, Херман Бургос, ја запрепасти јавноста со својот коментар кој беше оценет како расистички.

Во друштво на двајца новинари пред мечот во Париз, Аргентинецот го коментираше тинејџерот на Барселона, ламине Јамал.

„Да не успееше во фудбалот, ќе завршеше на семафор“, алудирајќи на луѓе кои питачат и перат автомобили на раскрсници.

Во Шпанија тоа го протолкуваа како стереотипна осуда на припадниците на малцинствата, па фудбалерите и на ПСЖ и на Барселона ја игнорираа телевизијата по завршувањето на натпреварот.

По натпреварот Бургос се извини, но веќе беше доцна.

„Тоа беше коментар кој не требаше никого да навреди. Зборувавме за фудбал, ако некој се почувствува навреден од мојот коментар, јавно се извинувам. Во вакви моменти мораме да се прилагодиме на се кога се обидуваме да се пошегуваме“, рече Бургос.

Share
Scroll to Top