Нов пораз на Лејкерси, Фокс ги растури Голден стејт

Нов пораз на Лејкерси, Фокс ги растури Голден стејт

пред 3 години

Лос Анџелес Лејкерс ја продолжија лошата серија. Без најдобрите играчи Ентони Дејвис и Леброн Џејмс, Лејкерси не можат да се носат со ривалите во НБА лигата. Ноќта во НБА лигата, индивидуално ја обележаа Демијан Лилард од Портланд и Диерон Фокс од Сакраменто Кингс.

Лејкерси немаа шанси против Филаделфија. Ги уништи нивниот поранешен играч Дени Грин. Во поебдата 109:101, Грин постигна осум тројки од 12 обид, а мечот го заврши со 28 поени. Кај „езерџиите“ се истакна Кајл Кузма со 25 поени.



За разлика од Лејкерси, нивните градски ривали, Клиперси победија во Сан Антонио 98:85. Рези Џексон постигна 28 поени, а Пол Џорџ забележа 24 поени и 13 скокови.

Портланд со поените на Лилард во последната секунда го победија Мајами 125:122. Лилард избори три слободни фрлања, кои ги реализираше за конечна победа. Натпреварот го заврши со 22 поени и девет асистенции. Си Џеј Мекалум беше најефикасен кај Портланд со 35 поени. Мајами со по 29 поени го предводеа Тајлер Хиро и Бем Адебајо.

Сакраменто Кингс го декласираа Голден стејт Вориорс со 141:119. Блескаше Диарон Фокс со 44 поени. За бекот на Кингс ова е рекорд во кариерата.

Share
Scroll to Top