Кошаркарите на Словенија забележаа уште една убедлива победа на Олимписките игри. Лука Дончиќ и колегите, во второот коло ја декласираа Јапонија со 116:81.
Дончиќ ја предводеше Словенија со 25 поени и по седум скокови и асистенции. Добар дел од второто полувреме тој го мина на купата, откако влезе во проблеми со лиќните грешки.
Поен помалку за Словенија реализираше Зоран Драгиќ.
На спротивната страна се истакна Руи Хачимура со 34 поени.
Словенија е на чело на Ц-групата. Во наредното коло против Шпанија ќе игра за првото место во групата.