Солскјер најави нов договор за Кавани

Солскјер најави нов договор за Кавани

пред 4 години

Оле Гунар Солскјер најави дека Манчестер јунајтед најверојатно ќе ја искористат опцијата за продолжување на договорот на Единсон Кавани за уште една сезона.

33-годишниот Кавани потпиша едногодишен договор со опција за дополнителни 12 месеци на последниот ден од летниот преоден рок, и иако Уругваецот има само три старта во сите натпреварувања, неговото влијание на играта се покажа како клучно и Солскјер верува дека тој има уште добар фудбал во нозете.

„Во моментов изгледа дека тој има уште неколку години пред него, така што нема да кажам ништо друго. Имаше големо влијание кога пристигна тука. Да се фокусираме на подобрувањето на играта, но мора да се забележи неговиот придонес на играта“, вели Солскјер.

И покрај ова, Солскјер само трипати му даде шанса да биде стартер, но додаде дека ќе добие повеќе време во текот на сезоната.

„Тој дефинитивно е фудбалер кој е стартер. Не можеш да класификуваш фудбалер од таков квалитет на друг начин. Но, кај нас имаме повеќе стартери, повеќе од 11. Така е секогаш во Манчестер јунајтед. Јас верувам во него и најверојатно ќе стартува во повеќе мечеви во иднина. Тој е толку детален и професионален, има неверојатни навики и затоа имаше таква кариера. И на 33 години е еден од најдобро подготвените фудбалери кои ги имам“, додава Солскјер.

Share
Scroll to Top