Лучано Спалети има најмногу шанси наредната сезона да го предводи Наполи. Клубот, чии дрес го носи македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, по завршувањето на сезоната ќе останебез тренерот Џенаро Гтузо.
Спалети и покрај добрата репутација што ја има две години е без работа. На крајот од сезоната 2018/2019, тој доби отказ во Интер, иако обезбеди место во Лигата на шампионите.
Во Интер, тој пристигна од Рома, со која во сезоната 2016/2017 го освои второто место.
Спалети во кариерата бил тренер на Емполи, Сампдорија, Венеција, Удинезе, Анкона и Зенит.