Макс Ферстапен, актуелниот шампион во Формула 1, победи на спринтот во Остин, прва трка од ваков вид одржана во САД во шампионатот на Формула 1. Ферстапен до победата дојде со резултат 31:30.849.
Холанѓанецот стартуваше од пол-позиција, а само во првите пет круга блиску до енго беше Луис Хамилтон, кој на стартот успеа да го претекне Шарл Леклер.
Леклер заврши трет, со Ландо Норис четврти, додека Серхио Перез го освои петтото. Вреди да се истакне и добрата трка на добриот возач на Ферари Карлос Саинз, единствениот кој возеше на меки гуми и на крајот заврши на шестата позиција. Бодови освоија и Пјер Гасли и Џорџ Расел.
Големата награда на САД ќе се вози во 21:00 часот по средноевропско време. Од пол-позицијата ќе стартува Шарл Леклер пред Ландо Норис и Луис Хамилтон.