Српскиот тенисер Виктор Троицки ја завршува кариерата

Српскиот тенисер Виктор Троицки ја завршува кариерата

пред 4 години

Селекторот на српската тениска репрезентација, Виктор Троицки (35) одлучил годинава да ја заврши тениската кариера, пишуваат дел од српските медиуми.

„Наголемо сум спортски ветеран. Полека ја завршувам кариерата, планот ми е да одиграм уште неколку турнири. Се помирив, завршувам оваа година. Се префрлам на други работи поврзани со спортот, но веќе како професионален тренер. И се радувам на новата работа, на новите предизвици“ рече Троицки.

Некогашниот 12-ти тенисер во светот и освојувач на Дејвис куп со својата селекција е свесен дека неговото време веќе поминува, па сега сака повеќе време да посвети со младите таленти во својата земја.

Share
Scroll to Top