Луис Суарез, еден од петмината активни фудбалери, кои во кариерата постигнале најмалку 500 голови, има коментар за двајцата млади, спектакуларни фудбалери, Ерлин Халанд и Килијан Мбапе.
„Халанд е одличен играч, во моментов игра во спектакуларна форма. За восхит е физичката снага која ја поседува. Мислам дека е една од најдобрите ‘деветки’ и дека ќе ги обележи годините кои доаѓаат“, рекол Уругваецот.
„Што се однесува до изборот Халанд-Мбапе, мислам дека малку повеќе ми се допаѓа Норвежанецот, но и Мбапе игра на високо ниво“, рекол 34-годишниот напаѓач на Атлетико Мадрид.
Ерлинг Халанд е играч на Борусија Дортмунд, а Килијан Мбапе на ПСЖ, но извесно е дека во летниот преоден рок ќе се ги напуштат овие клубови. Прашање е само каде ќе продолжат и дали пости можност да играат во ист тим.