Судија упатил смртни закани кон фудбалер, УЕФА го тргна од листата за ЛШ

Судија упатил смртни закани кон фудбалер, УЕФА го тргна од листата за ЛШ

пред 3 месеци

УЕФА објави дека извршила вонредна промена на еден од судиите за натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу ПСВ Ајндховен и Спортинг Лисабон.

Италијанецот Фабио Мареска требаше да биде четврти судија на овој меч, но се најде во центарот на скандал и по итна постапка беше избришан од списокот.

Како што пренесува „Газета дело Спорт“, Мареска кон еден играч упатил смртни закани во текот на натпреварот во кувајтското првенство меѓу Кувајт и Ал Араби. Марсека беше главен судија на овој натпревар.

Откако тие обвинувања излегоа во јавноста, а целиот скандал стигна до челниците на УЕФА, тој беше отстранет од натпреварот од Лигата на шампионите за кој беше делегиран.

Како што соопштија од Европската фудбалска унија, на овој натпревар од елитното натпреварување на негово место ќе дојде неговиот сонародник Даниеле Довери.

Главен судија ќе биде Марко Гвида, а помошници ќе бидат Чиро Карбоне и Џорџо Перети.

Натпреварот помеѓу ПСВ и Спортинг се игра вечерва.

Share
Scroll to Top