Новата талибанска власт на Авганистан, посочи дека „не е неопходно“ жените да спортуваат, вели шефот на новата „културна комисија“ на Авгаистан, Ахмадулах Васик.
Според него, непримерно е жените да учествуваат во спортски активности по преземањето на власта а 15 август, додавајќи дека женскиот крикет тим нема да биде „дозволен“, во забрана која најверојатно ќе се прошири и на другите спортови.
„Не мислам дека жените треба да играат крикет, бидејќи не е неопходно да го прават тоа. Во крикетот може да има ситуација во која нивното лице и тело нема да се покриени. Исламот не го дозволува тоа. Во оваа медиумска ера, со фотографии и видеа, Исламскиот Емират нема да дозволи да играат спортови во кои може да биде откриено нивното тело“, вели Васик.
Крикетот е апсолутно најпопуларниот спорт во Авганистан, со чести ТВ-преноси, а од минатиот ноември женската репрезентација на Авганистан доби дозвола за настап на интернационалните натпреварувања. Од националната крикет федерација посочија дека сегашниот програм за жени е „суспендиран“.
Минатиот месец, авион со 75 фудбалерки, официјални лица и нивни роднини заминаа во Австралија.