Англија ја слави својата нова фудбалска ѕвезда, Џуд Белингем, кој го постигна првиот гол при 6:2 „демолирањето“ на Иран, по што англиските медиуми открија дека неговиот татко бил неверојатен голгетер со над 700 постигнати голови во англискиот нисколигашки фудбал.
19-годишниот Белингем е најстариот син на Марк Белингем, кој играл аматерски фудбал до својата 40-та година и има постигнато над 700 гола за таканаречените „не-лигашки“ клубови во близината на Бирмингем. И вториот син на Белингем, кој е по професија полицаец, Џоб Белингем е фудбалер и веќе дебитираше во Бирмингем сити.
„Повеќето од тие 700 голови не беа од далеку и мислам дека најмногу треба да сум благодарен на моите соиграчи“, изјави постариот Белингем во 2016 година.
За тимот на Лимингтон, тој имаше 79 гола во 87 меча, вклучувајќи шест хет-трика во една сезона, а во 2009 година ја освоија титулата одд Јужната лига-Мидланд дивизија. Тој играл и за тимовите на Стурбриџ, Сатон Колдфилд, Бромсгров роверс и Хејлсовен таун.
Police sergeant’s son who is England’s golden boy: Wonderkid Jude Bellingham, 19, owes his love of football to his ‘non-league Cristiano Ronaldo’ father (and his brother is pretty good too)
via https://t.co/xJz3oVK9fD https://t.co/GeHcitLe5E— News Wagg (@fmdiscr) November 21, 2022