Тајрон Лу ќе ги предводи ЛА Клиперс

Тајрон Лу ќе ги предводи ЛА Клиперс

пред 7 месеци

Тајрон Лу е новиот тренер на Лос Анџелес Клиперс, тој доаѓа на местото на Док Риверс кој доби отказ по елиминацијата во полу-финалето на Западот од Денвер Нагетс. Клиперси не дојдоа до конференциското финале иако во серијата против Денвер имаа предност од 3:1.

Поранешниот играч на Лос Анџелес Лејекрс со Клиперс потпишал договор до 2025 година. Минатата сезона тој беше еден од помошниците на Риверс во стручниот штаб на Клиперс.

Тајрон Лу во тренерската кариера има титула со Кливленд Кавалирс во 2016 година. Со оваа франшиза Лу три пати играше во големото финале. Отказ во Кливленд доби на почетокот на сезоната 2018/2019.

Лу во кариерата како играч, два пати во 2000 и 2001 година, бил шампион со Лос Анџелес Лејкерс.

Share

AniWatch watch anime free: Kuroko's Basketball 2 (https://aniwatch.pro/m/qlw) Episode 25

ANIMEFLIX death note animeflix: Death Note (Dub) Episode 37

Scroll to Top