Федерер не игра во Мајами, загуби 1.000 АТП поени

Федерер не игра во Мајами, загуби 1.000 АТП поени

пред 3 години

Четирикратниот шампион од Мастерсот во Мајами, Роџер Федерер нема да ја брани титулата од 24 март, што значи дека ќе загуби 1.000 АТП поени, но останува на добар пат да го направи долгоочекуваниот камбек на тениските турнири во Доха.

Швајцарскиот освојувач на 20 гренд слем титули нема играно од Австралија опен минатата година, по две операции на коленото во февруари и мај, за најдолга пауза во неговата кариера. Тој се врати на тренинзи во октомври.

Останува неизвесно дали ќе игра во Дубаи неделата пред Доха, но планот е да го прескокне остатокот од американската пролетна сезона. Федерер во моментов е петти на АТП листата со 6.630 поени, зад Новак Ѓоковиќ (12.030), Рафаел Надал (9.850), Данил Медведев (9.735) и Доминик Тим (9.125)

Share
Scroll to Top