Борусија Дортмунд до крајот на сезоната ќе биде без еден од своите најдобри фудбалери, Аксел Витсел.
Репрезентативецот на Белгија, се повреди во саботата, во победата на „милионерите“ во Лајпциг (1:3). Витсел, теренот во Лајпциг го напуштил по 30 минити игра.
Клубот објави дека Белгиецот ја скинал Ахиловата тетива и дека ќе отсутвува до крајот на сезоната.
Голема е веројатноста, поради оваа повреда, Витсел да го пропушти и Европското првенство.