Тешки моменти за Цимикас – Рома не смета на него, а во Ливерпул не може да се врати

Тешки моменти за Цимикас – Рома не смета на него, а во Ливерпул не може да се врати

пред 5 часа

Искусниот грчки дефанзивец Константинос Цимикас, кој ова лето пристигна од Ливерпул на позајмица до крајот на тековната сезона во Рома ја заврши својата мисија на „Олимпикo“. „Газета дело Спорт“, тврди дека тренерот Џан Пјеро Гасперини не смета на овој играч.

Откако актуелниот англиски шампион го донесе Милош Керкез од Борнмут ова лето, стана јасно дека на „Енфилд“ нема место за Цимикас, бидејќи во конкуренција беше и Енди Робертсон. Клубот реши да го испрати Гркот на едногодишна позајмица во Рома.

Од оваа перспектива се чини дека двата клуба направија погрешни проценки, бидејќи ниту Керкез се покажа како капитално засилување за англискиот шампион, ниту Цимикас успеа да се наметне во Рома.

Според извештаите, Рома ќе се обиде да го раскине договорот за позајмица на инсистирање на Гасперини, а проблемот за Цимикас е што не може да се врати во Ливерпул бидејќи е исполнето ограничувањето за бројот на странци.

Ова значи дека ќе мора да оди на нова позајмица до крајот на сезоната, а прашањето е кој ќе го сака откако запиша само една асистенција на 11 натпревари за Рома во сите натпреварувања.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top