Тимската наредба му ја донесе победата на Норис во Бразил

Тимската наредба му ја донесе победата на Норис во Бразил

пред 2 недели

Возачот на Мекларен Ландо Норис победи во спринт трката во Сао Паоло. До првата спринт победа сезонава, Норис дојде со помош на тимскиот колега Оскар Пјастри. Трет заврши Макс Ферстапен. Разликата меѓу него и Норис во генералниот пласман сега изнесува 45 поени.

Спринтот на патеката „Интерлагос“ не донесе никакви возбудувања. Фокусот беше на водечката четворка. Пјастри кој стартуваше од пол-позицијата без проблем го чувашпе првото место, на почетокот неговиот колега Норис се осбрани од Леклер, а потоа во самиот финиш, пред да започнат да визат под виртуелното возило за безбедност, младиот Австралиец го пушти Британецот пред него.

„Не сум горд на оваа победа, му благодарам на Оскар што ме пушти да победам“, изави Норис по победата.

Трет низ целта мина Ферстапен, кој долго време се бороеше за позицијата со Леклер. На крај ја искористи грешката на возачот на Ферари и се проби на третото место.

Зад најдобрите тројца се пласираа возачите на Ферари, Леклер и Карлос Саниц, а бодови во спринтот освоија и Џорџ расел (Мерцедес), Пјер Гасли (Алпин) и Серхио Перез (Ред Бул).

Вечерва од 19 часот на програмата се квалификациите за утрешната трка во Бразил.

Share
Scroll to Top