Тијаго Силва: Фудбалерите не се роботи

Тијаго Силва: Фудбалерите не се роботи

пред 4 години

Бразилецот Тијаго Силва го крева гласот против густиот распоред. Многумина сметаат дека играњето на секои три до четири дена придонесува за честите повреди кај фудбалерите, но ретки се оние кои јавно зборуваат.

Минатиот месец Кевин Де Брујне се пожали на распоредот, а сега тоа го напарави и фудбалерот на Челси.

„Ние не сме роботи. Неодамна го видовме истражувањето дека ризикот од повреди е зголемен доколку играте на секои три дена. За нас тоа е загрижувачки“, рекол Тијаго Силва.

Искусниот Бразилец ова лето стана играч на Челси. Во Лондон, тој пристигна како слободен играч.

Во саботата, против Шефилд јунајтед (4:1), тој го постига деби голот за „сините“.

Share
Scroll to Top