Ти Џеј Шортс МВП на 5. коло во Евролигата

Ти Џеј Шортс МВП на 5. коло во Евролигата

пред 5 часа

Кошаркарот на Париз, Ти Џеј Шортс е најкорисен играч (МВП) на петтото коло во Евролигата, објавено е денеска на официјалниот сајт на елитното европско натпреварување.

Париз пред два дена го совлада Монако во петтото коло од Евролигата со резултат 87:80, а на овој меч блескаше Американецот со македонски пасош. Шортс за 29 минути игра постигна 28 поени, 10 асистенции и четири скока, над него беа направени девет прекршоци, што му донесе вкупен индекс 38.

На второто место е кошаркарот на Партизан, Тајрик Џонс, кој во поразот на црно-белите од Виртус (69:70), имаше учинок од 20 поени, шест скока и пет украдени топки, што беше доволно за индекс 32.

На третото место е поранешниот кошаркар на Црвена Звезда, Факундо Кампацо, кој сега во дресот на реал против црвено-белите индекс 30 во победата 95:72.

Share
Scroll to Top