Томас Милер освен голгетер е и страшен бизнисмен, продава коњско семе

Томас Милер освен голгетер е и страшен бизнисмен, продава коњско семе

пред 4 години

Германскиот фудбалер Томас Милер зад себе има сезона од соништата со Баерн Минхен. Успеа да освои се што можеше и потврди дека е еден од најдобрите напаѓачи на планетава.

Сепак, малкумина знаат дека тој не е успешен само во фудбалот.

Томас и неговата сопруга Лиза се занимаваат со необична работа. Тие се сопственици на фарма за коњи во близината на Минхен, а од неговата ергела излегуваат само „шампионски грла“.

„Билд“ пишува дека неговиот омилен коњ „D’Avi“ е двоен светски шампион, а Милер од него остварува голема заработка и тоа не само поради победите на трките. Томас продава семе за оплодување на коњи, а две дози кои гарантираат дека кобилата ќе биде оплодена чинат 1.600 евра.

Пресметките се дека во семејството Милер доаѓа милионска заработка од овој бизнис дури и во услови на пандемија затоа што семето се продава он-лајн.

Share
Scroll to Top