Еден од најголемите македонски фудбалски таленти, Тома Георгиевски, кариерата ја продолжува во италијанскиот клуб Џенова.
16-годишниот Георгиевски, кој е производ на фудбалската школа Њу Старс од Скопје, стави потпис со Џенова.
„Тома ја започна својата фудбалска кариера на 6-годишна возраст во фудбалскиот клуб Њу Старс, каде ги направи првите чекори на фудбалскиот терен. Заедно со своите соиграчи, уште од детската школа, напредуваа во младинци и оваа година го освоија и младинскиот Куп на Македонија и со тоа станавме младински шампиони на Македонија. Сето ова е благодарение на нашите современи тренинг процеси уште од најмала возраст, кои ги прават нашите сертифицирани тренери. Затоа се повеќе фудбалери од младинските категории, но и од сениорските категории стануваат цел на големите европски клубови, меѓу кои се Интер, Милан, Ница, Џенова, како и Динамо Загреб, Црвена Звезда, Партизан…
Му посакуваме многу успех на Тома во Џенова, а сигурни сме дека ќе има богата фудбалска кариера и гордо ќе ја претставува Македонија каде и да оди“, објавија од Њу Старс.
View this post on Instagram