Три клуба во трка за потписот на Белоти

Три клуба во трка за потписот на Белоти

пред 3 години

Торино, во летниот преоден рок, ќе остане без најдобриот играч, Андреа Белоти. Италијанскиот репрезентативец има понуди од Милан и Рома, а според медиумите во трката за неговиот потпис се вклучиле и луѓето од Аталанта.

Сопственикот на Торино, Урбано Каиро, нема да го пушти капитенот за сума помала од 35 милиони евра.

Аталанта ќе тргне по Белоти, само доколку клубот го напушти Дуван Запата. Во Бергамо се сигурни дека Колумбиецот ќе го продадат за најмалку 60 милиони евра.

Белоти има 27 години, минатата сезона одигра 35 натпревари, постигна 13 голови.

Share
Scroll to Top