Троицки: Ужас, катастрофа. Да знаев немаше да дојдам на Австралија опен

Троицки: Ужас, катастрофа. Да знаев немаше да дојдам на Австралија опен

пред 4 години

Виктор Троицки, селектор на Девис куп репрезентацијата на Србија, не е задоволен од условите во кои се наоѓаат играчите пред почетокот на Австралија опен. Во интервју за „Спортски журнал“, рекол дека се во Мелбурн е катастрофа и дека поради карантинот во кој се наоѓа ќе има проблеми со формата понатаму во сезоната.

„Ова е ужас, тотален хаос. Затворен сум две недели, не смеам да излезам од собата. Нема тренинзи, нема ништо. Ми пропадна Гренд слемот, па не можам седејќи во соба да се подготвувам за меч во пет сетови“, рекол Троицки.

„Ужас, катастрофа. Да знаев, немаше да дојдам“.

Организаторот на тенисерите не им најави дека ги чека 14-дневен карантин, туку тие требаа да имаат неколку часа во денот за тренинзи.

„Паѓаат во вода претходните подготовки. Две недели лежење. Сигурно е дека во следните месец и пол нема да можам да се вратам во форма. Ова ми прави хаос во кариерата“, заклучил Троицки.

За потсетување, пред два дена беше објавено дека сите тенисери, тенисерки и членовите на струшните штабови, кои во Мелбурн пристигнале со чартер-летот од Лос Анџелес, мра да бидат во строг карантин, бидејќи двајца од патниците биле позитивни на коронавирусот.

Инаку, Троицки, во Доха играше квалификации за пласман на Австралија опен. Со три победи тој избори настап на турнирот.

Share
Scroll to Top