УЕФА го искара судијата Совре: Судија не смее да бара автограм од фудбалер

УЕФА го искара судијата Совре: Судија не смее да бара автограм од фудбалер

пред 4 години

УЕФА го осуди гестот на романскиот судија Октавијан Совре, кој му побара автограм на Ерлинг Халанд.

УЕФА не се согласува со ова иако целта на Совре е благородна. Судијата Совре, долго време соработува со центар кој им помага на деца со аутизам. Совре автограмот на Халанд ќе го стави на аукција, а парите ќе ги донира во центарот.

„Целта на УЕФА е судиите да добија почит, каква што добиваат играчите. УЕФА работи на тоа судиите да бидат ѕвезди, авторитети, професионалци, особи кои ќе бидат почитувани од фудбалерите. Ако сакате да бидете почитувани како играчите, зошто тогаш би барале автограм или дрес? Дали играчите бараат нешто од вас? Тоа е неприфатливо, се работи за достоинство. Не смеете да заборавите дека ТВ камерите снимаат буквално се што се случува на натпреварите што ги организира УЕФА“, рекол шефот на судиите Роберто Росети.

 

Share
Scroll to Top