Украина, еден од противниците на Македонија во групната фаза на Европското првенство ова лето, ги заврши подготовките за континенталното натпреварување со убедлива 4:0 победа над Кипар.
Селекцијата на Андриј Шевченко во првото полувреме доби два пенали – прво Андриј Јармоленко во 37. минута беше прецизен, по што ѕвездата на Манчестер сити, Олександер Зинченко во 45. минута зголеми на 2:0, по што голот го посвети на својата сопруга, која е бремена со нивното прво дете.
Јаремчук во 59. минута зголеми на 3:0, за Јармоленко со својот втор гол во 65. минута да ги постави конечните 4:0.