Унгарските ковид-протоколи го отпишаа Манасков од дуелот со Швајцарија

Унгарските ковид-протоколи го отпишаа Манасков од дуелот со Швајцарија

пред 2 години

Македонската ракометна репрезентација, без левото крило Дејан Манасков, вечерва во Шафхаузен ќе и гостува на Швајцарија, во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Дејан Манасков од помалку бизарна причина не отпатува со соиграчите. Во Шафхаузен, Манасков, немал каде да направи тест за коронавирусот, кој ќе му биде неопходен за да се врати во Унгарија.

Според здравствените протоколи што ги воведе Унгарија, за лице кое во земјата влегува без ПЦР-тест, задолжителен 14-дневен карантин.

Оваа опција не е прифатлива за клубот на Манасков, Веспрем. Репрезентативецот, денес, во Скопје ќе направи ковид-тест, а потоа ќе се врати во Унгарија.

За натпреварот со Швајцарија, селекторот Брестовац ќе може да смета само Бојан Маџовски на позицијата лево крило.

Претходно, поради позитивните тестови на Ковид-19, репрезентацијата остана без Марио Танкоски, Мартин Велковски и Мартин Поповски.

Дуелот помеѓу Швајцарија и Македонија, во Шафхаузен, ќе започне во 18.30 часот. Во вториот меч во групата Финска ќе ја пречека Данска.

Share

Aniwatch - Free Anime Streaming Online - Aniwatch Official. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

anime online Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita.

AniWatch JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable

anime to watch Death Note (Dub)

AniWatch Dragon Ball (Dub)

AniWatch My Hero Academia Season 5

tải go88
Scroll to Top