Уникатно – во иста година играл и за фудбалската и за ракометната селекција

Уникатно – во иста година играл и за фудбалската и за ракометната селекција

пред 4 години

Хилмар Леон Јакобсен (23) минатата 2020 година играл и за ракометната и за фудбалската репрезентација на Фарски Острови и по тоа е уникатен во целиот свет.

Се разочарал кога му рекле да престане да игра фудбал и да се префрли на ракомет, па така започнала филмска приказна. Тој отсекогаш сакал да биде фудбалер, но поради операцијата на колкот морал да го смени спортот.

„Ми рекоа дека играњето ракомет е подобро за моето здравје, тоа беше екстремно разочарување за мене“ вели Јакобсен.
Разочарувањето било големо затоа што Јакобсен бил голем талент во својата земја, со само 16 години дебитирал за првиот тим на ХБ Торшавн.

Навива за Ливерпул, а омилен играч му бил Стивен Жерард. Решил да ги послуша советите, се префрлил во ракометот и за кратко заиграл за сениорскиот состав.

„Освоив 3 титули шампион со Х71, се фокусирав на ракометот и не се осмелував да размислувам за фудбалот“ вели Јакобсен.

Во јануари 2020-та играл ракометни квалификации за пласман на СП, па следуваше пандемијата на коронавирусот и запреа ракометните активности на Фарските Острови. Тогаш повторно му се врати на фудбалот.

Јакобсен повторно заигра за ХБ, но овојпат како напаѓач. Постигна 12 гола и имаше 5 асистенции, а Торшавн стана шампион.

Во 2019 освои двојна круна како ракометар, а во 2020 стигна до пехарот како фудбалер.

За сениорската селекција на својата земја дебитираше на 11 ноември 2020 година во поразот од Литванија (2-1) во пријателски меч. Ги одигра сите 90 минути, а запиша и асистенција.

„Ова беше година на мојот живот. Одеднаш повторно сум фудбалер, освојувам титули. Ливерпул ја освои ПЛ, тоа ги прави работите уште подобри. Од сега сум посветен само на фудбалот“ вели Јакобсен.

Share
Scroll to Top