УФЦ: Чимаев доби уште еден скап автомобил од чеченскиот лидер?

УФЦ: Чимаев доби уште еден скап автомобил од чеченскиот лидер?

пред 4 години

Новата УФЦ ѕвезда, Швеѓанецот со чеченско потекло, Хамзат Чимаев повторно е во Чеченија, каде што се одмараше со лидерот на оваа руска република, Рамзан Кадиров, и според локалните медиуми доби нов скап подарок – по Мерцедесот од пред неколку месеци, сега доби Ферари.

Чимаев, заедно со Кадиров и членовите на неговата ММА школа „Ахмат“, ги посети планините Беној, како и етнографското село и туристичка атракција Шира Бена.

„Овие момци секој ден се изложени на физички напор, така што им беше потребен одмор на едно од најубавите места во нашата република. Заедно дишевме чист планински воздух и уживавме во природата, пиејќи чај“, објасни Кадиров.

Руските медиуми не можат да потврдат дека 27-годишниот Чимаев го доби Ферарито на подарок, или само имаше шанса да го користи додека е во својата татковина.

Чимаев и Кадиров неодамна влегоа во неочекуван напад преку социјалните мрежи кон УФЦ легендата, Хабиб Нурмагомедов, порачувајќи му дека ако дојде во Чеченија ќе биде „скршен“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khamzat Chimaev (@khamzat_chemaev)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khamzat Chimaev (@khamzat_chimaev)

Чеченците му се „навртеа“ на Дагестанецот Нурмагомедов

Share
Scroll to Top