Факундо Кампацо заминува од Црвена Звезда и следната сезона речиси сигурно ќе игра повторно во дресот на Реал Мадрид. Тој остави голем белег во Белград и веројатно е најдобриот странски играч кој го носел дресот на клубот од Мали Калемегдан.
Кампацо емотивно се збогуваше со навивачите и со сите во клубот.
„Никогаш нема да го заборавам неверојатното чувство да се игра пред толку многу страстни луѓе кои се на ваша страна. Ви благодарам на сите во Звезда за овие заеднички моменти. До раководството, сите членови на стручниот штаб, сите соиграчи и неверојатните навивачи. Заминувам полн со љубов“, истакна Кампацо.
View this post on Instagram