ФА го поништи црвениот картон на Бруно Фернандеш

ФА го поништи црвениот картон на Бруно Фернандеш

пред 2 дена

Манчестер јунајтед, во неделата, доживеа дебакл на домашен терен од Тотенхе (0:3). Јунајтед целото второ полувреме го одигра со играч помалку. Капитенот Бруно Фернандеш доби директен црвен картон.

Клубот веднаш се жалеше на оваа одлука, а информациите од Англија говорат дека Фудбалската асоцијација (ФА) ја првифатлиа жалбата.

Капитенот на Јунајтед првично требаше да ги пропушти натпреварите против Астон Вила, Брентфорд и Вест Хем, но Ерик Тен Хаг сепак ќе го има на располагање еден од најдобрите играчи во тимот.

Ваквата одлука само донесе повеќе критики на сметката на англиските судии кои постојано се на удар за лоши одлуки и критериуми кои не се исти за сите тимови.

Share
Scroll to Top