Шефовите на тимовите во вербална војна

Шефовите на тимовите во вербална војна

пред 2 години

Според бројни светски медиуми, дошло до вербален конфликт меѓу директорите на водечките екипи во Формула 1. Челниците на тимовите имале состанок веднаш по тренингот за Големата награда на Канада.

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф имал предлог да се интервенира кај дизајнот на болидите за да се намали „скокањето“. Мерцедес има најмногу проблеми од сите тимови кога е во прашање „скокањето“.

Како што објавија упатените во Ф1, овој предлог на Тот Волф не бил дочекан „со раширени раце“. Кристијан Хорнер, директорот на Ред Бул, веднаш го одбил предлогот на Волф, а го поддржал и шефот на Ферари, Матија Биното.

Се додава дека сметаат дека Мерцедес го прави сето ова затоа што не успеале да направат добар автомобил.

„Ова отиде предалеку. Не настрадаа само возачите на Мерцедес во Баку. Имаме проблем и Формула 1 мора да го реши. Сè друго е само манипулација“, рече Волф.

Share
Scroll to Top