Атланта по две продолженија славеа во Сан Антонио, Денвер победија кај Клиперси

Атланта по две продолженија славеа во Сан Антонио, Денвер победија кај Клиперси

пред 3 години

Атланта Хокс, во драматичен меч, по две продолженија, забележаа победа во Сан Антонио со 134:129.

Тројца играчи на Хокс (Тре Јанг, Клинт Капела и Богдан Богдановиќ) постигнаа по 28 поени. Јанг имаше и 12 асистенции, Капела 17 скока и пет блокади, а Богдановиќ по пет скока и асистенции.

Кај Спарс се истакна Демар Дерозан со 36 поени, Дерик Вајт постигна 29 поени.



Во дербито, Денвер Нагетс, слеава во Лос Анџелес, против Клиперси со 101:94.

Иако, Никола Јокиќ не блескаше (14 поени, 7 скока, 7 асистенции), Денвер забележаа лесна победа во Лос Анџелес. Џамал Мареј постигна 23 поени, Мајкл Порттер јуниор 20, а Ерон Гордон заврши со 14 поени и по шест скока и асистенции.

Клиперси ги предводеа Каваи ленард со 24 поени, 12 скока и четири асистенции и Дерик Ман со 18 поени.

Резултати:

Кливленд-Филаделфија 94:114
Детроит-Вашингтон 120:91
Бруклин-Шарлот 111:89
Мајами-Голден стејт 116:109
Њу Орлеанс-Орландо 110:115

Share
Scroll to Top