„Фенвеј“ одбиле 3 милијарди фунти за Ливерпул, Клоп бара „прошка“

„Фенвеј“ одбиле 3 милијарди фунти за Ливерпул, Клоп бара „прошка“

пред 3 години

Газдата на Ливерпул, Џон Хенри и неговата „Фенвеј“ групација одбиле понуда од речиси 3 милијард фунти да го продадат славниот англиски клуб по зголемиот притисок од навивачите американските газди да бидат избркани од клубот по фијаското со Суперлигата, тврди „Дејли мирор“.

Се верува дека понудата била од Блискиот Исток, но дека Хенри веднаш ја одбил и покрај тоа што поради корона вирусот, клубот загуби 120 милиони фунти во приходи. „ФСГ“ платија само 300 милиони фунти да го купат Ливерпул во 2010, и под нивно водство клубот лани го прекина „постот“ од 30 години без лигашка титула, а пред две години ја освои Лигата на шампионите. Покрај тоа, тие инвестираа во реновирање на „Енфилд“ за да се зголеми капацитетот на 55.000 седишта, а изградија и нов тренинг центар во Киркби.

Но, другите „шеми“ за зголемувањето на профитот не поминаа – во 2016 година тие се обидоа да постават цена на билетите од 77 фунти за домашните мечеви, но се откажаа по бурната реакција на навивачите.

Овој месец тие продадоа 10 отсто од акциите на Ливерпул на „Редбирд капитал“ за 543 милиони фунти, што кај дел од англиските медиуми беше протолкувано како губење на интересот за клубот.

Менаџерот Клоп пак, побара поддршка за сопствениците.

„Ги познавам сопствениците шест години. Знам дека имаше моменти во кои не направија вистински одлуки, како овојпат, но тоа не ги менува работите и успесите. Се надевам дека врската со навивачите ќе стане посилна. Газдите не се совршени, но ниту јас, ниту вие се совршени. Направија лоша одлука. Тоа е точно. Но, ајде да продолжиме“, изјави Клоп.

Share
Scroll to Top