Откако предизвикаа бура со своите планови за организација на Светските првенства на две години, претседателот на ФИФА, Џани Инфатино и директорот за глобален фудбалски развој, Арсен Вегер имаат нов план за реорганизација на „бесмислените“ интернационални паузи, така што сите квалификации би се играле во октомври.
„Би кажал дека едно од решенијата за кое мораме да зборуваме е да ги направиме компактни квалификациите, и наместо да играме во октомври, ноември, септември, март и јуни, сите квалификациски мечеви да бидат во еден или два месеци. Меѓу двата квалификациски циклуси, фудбалерот би останал во својот клуб цела сезона. Мора да има помала мешаница на календарот во однос на клупскиот и интернационалниот фудбал, што би значело и помалку патување меѓу континентите, на пример“, вели Венгер.
Тој исто така го бранеше проектот за Светски првенства на две години, и покрај големото спротиставување на УЕФА и на јужнамериканската конфедерација ЦОНМЕБОЛ.
„Вкупно 146 федерации побараа Светско првенство секои две години, и во декември ќе видиме што ќе се случи. Мислам дека имаме позитивна реакција, но одлуката ќе се донесе демократски од 211-те членки на ФИФА“, вели Венгер.
Фудбалскиот календар е испланиран до 2024 година, така што ако планот се оствари, тогаш Светските првенства од 2028 година би се оддржувале секои две години.