Македонските одбојкари забележаа максимална победа над Црна Гора, која ги доближи до пласман во елиминациската фаза на Европското првенство.
По победата над Данска во првото коло со 3:1, Македонија ја победи Црна Гора со 25:22, 25:18, 25:20.
Пред бучната публика во СЦ „Борис Трајковски“, тимот на Јошко Миленковски најдобро ги покажа своите квалитети – борбеност до последен здив за националниот дрес.
Наредени противници на Македонија, во Ц-групата ќе бидат Полска, Холандија и Чешка.
Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк