Француските клубови почнаа да бараат безбедносни гаранции пред да заминат во Марсеј

Француските клубови почнаа да бараат безбедносни гаранции пред да заминат во Марсеј

пред 12 месеци

Поради нападот на експедицијата во Лион и повредата на тренерот Фабио Гросо, француските фудбалски клубови сега поинаку гледаат на гостувањето во Марсеј.

Лил е следниот ривал на Олимпик Марсеј и токму од овој клуб побараа безбедносни гаранции за својата експедиција.

Претседателот на Лил, Оливие Летанг му пиша на првиот човек на префектурата Буш-де-Рон, на која и припаѓа Марсеј, и побара од него да ја гарантира безбедноста на гостинските играчи и стручниот штаб за време на нивниот престој во градот.

Летанг, како и целата француска јавност, се во шок откако симпатизерите на Олимпик Марсеј го каменуваа автобусот во кој беа играчите и стручниот штаб на Лион и му нанесоа сериозни повреди на тренерот Фабио Гросо.

Сликата од неговото раскрвавено лице го обиколи светот.

Претседателот на Лил испрати писмо со иста содржина до полицискиот комесар на префектурата Буш-де-Рон Фредерика Камилери, министерката за спорт Амели Оуде-Кастера, министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин, претседателот на Олимпик Пабло Лонгорија и претседателот на Лига 1 Винсент Лабрун.

Share
Scroll to Top