Фудбалерите на Ливерпул му оддадоа почит на детето што загина играјќи фудбал

Фудбалерите на Ливерпул му оддадоа почит на детето што загина играјќи фудбал

пред 5 години

Фудбалерите на Ливерпул истрчаа на „Олд Трафорд“ за големото дерби со Манчестер јунајтед со необични маички, на кои пишуваше „Џордан 7“, во чест на деветгодишното дете што загина по удар од гром додека тренирал фудбал.

Деветгодишниот Џордан Бенкс, страствен навивач на Ливерпул, излегол на терен на игралиштетот во Блекпул, кога се случила трагедијата, која посебно го погоди ветеранот Џејмс Милнер, бидејќи Бенкс бил нарекуван „малиот Милнер“.

Share
Scroll to Top