Фулам прв пат во историјата победија на „Гудисон“

Фулам прв пат во историјата победија на „Гудисон“

пред 4 години

Фулам не се откажуваат од борбата за опстанок во Премиер лигата. Екипата на Скот Паркер, во неделата, забележаа победа на „Гудисон“ против Евертон со 2:0. Ова е трета победа за Фулам оваа сезона, а прва на теренот на Евертон во историјата, во 15 меѓусебен дуел.

Фудбалерите на Фулам стигнаа до 18 бод, но се уште се далеку од безбедната зона, најблискиот тим до нив, Њукасл, има седум бода повеќе.

Евертон го забележаа петтиот пораз на домашен терен, „карамелите“, немаат победа на „Гудисон“ на последните четири натпревари.

Фулам, во целост ја заслужија победата, доминираа, имаа повеќе шанси, а две од нив реализираше Џош Маџа во второто полувреме. Евертон во текот на целиот меч имаше само една шанса, преку Колмен во првиот дел, а во финишот на мечот, поради офсајд му беше поништен голот на Џошуа Кинг.

Share
Scroll to Top