Фјури се потсмева со Кличко: Вакво тепање Украина не видела од 2015

Фјури се потсмева со Кличко: Вакво тепање Украина не видела од 2015

пред 3 години

Светскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури не изддржа и мораше да го „боцне“ стариот ривал Владимир Кличко по 4:0 победата на Англија над Украина во четврт-финалето на ЕУРО 2020.

Англија првпат влезе во полуфинале на едно ЕП од 1996 година, доминирајќи над Украина, и покрај огромната поддршка на Кличко пред мечот. Фјури, кој сензационално го победи Кличко за да му ги земе титулите во тешка категорија во 2015, реши да го зададе последниот удар.

„Не сум видел вакво тепање над Украина од Дизелдорф на 28 ноември 2015 година“, напиша Фјури.

Тогаш „Џипси кинг“ го издоминира Кличко во Германија за да ги освои ВБА, ИБФ и ВБО титулите, кои потоа ги загуби поради неактивност. Кличко е во пензија, додека Фјури се подготвува за третиот меч против Дионтеј Вајлдер во Лас Вегас на 24 јули.

Share
Scroll to Top