Халанд поставил светски рекорд – на 5 години скокнал 1.63 метри од место

Халанд поставил светски рекорд – на 5 години скокнал 1.63 метри од место

пред 4 години

Суперталентираниот фудбалер на Борусија Дортмунд, Норвежанецот Ерлинг Халанд со своите натпревари продолжува да го воодушевува фудбалскиот свет. „Копањето“ по неговото минато доведе до фактот дека тој како петгодишник поставил светски рекорд.

Малиот Халанд поставил рекорд откако скокнал најдалеку, од место. Измерени биле 1.63 метри што било светски рекорд на таа годишна возраст.

Неговиот татко, Алф-Инге Халанд ја дообјаснил ситуацијата.

„Од мали нозе го водев Ерлинг на разни спортови за да го тестирам. Тренираше атлетика, скијање, ракомет се до својата 14 годишна возраст. Тогаш тргна по фудбалот и тоа натежна во неговиот живот“ вели тој.

Младиот Ерлинг имал од кого да ги наследи спортските гени.

Татко му бил фудбалер, а неговата мајка Гри Марита била национален шампион во седмобој.

Познатиот ракометен тренер, Торир Хергејрсон изјави дека Халанд бил огромен потенцијал за Норвешка во ракомет, но тој спорт не го интересирал. Како мал, тој често играл и тенис.

Сето ова на Халанд му помогнало да стане еден од најбараните фудбалери на пазарот. Во досегашниот дел од сезоната во сите натпреварувања настапи на 29 меча, а постигна 31 гол за „милионерите“.

Има и 8 асистенции.

Share
Scroll to Top