Хамилтон: Спринтот нема да донесе никакви возбудувања

Хамилтон: Спринтот нема да донесе никакви возбудувања

пред 3 години

Луис Хамилтон не е воодушевен од идејата на Силверстон, наместо квалификации да се вози спринт трка на 100 километри.

Квалификациите во актуелниот формат ќе се одржат во петок и според нив ќе се одреди редоследот, според кој возачите ќе стартуваат во спринт трката. Пласманот во спринтот ќе го одреди редоследот на стартот, на трката во недела.

„Не верувам дека спринт трката ќе донесе некаков успех. Веројатно ќе имаме воз. Се надевам дека ќе има барем некое претекнување. Сметам дека нема да има премногу возбуда“.

ФИА, има во план, спринт трките да бидат дел од програмата на уште две трки оваа година.

На Силверстон, трката ќе трае 17 кругови, таа ќе се вози во сабота од 17.30 часот.

Share
Scroll to Top