Фудбалерите ја победија Ријека во Јадранско дерби, одиграно во 23.коло, во првенството на Хрватска. На „Рујевица“ во Ријека, Хајдук до победата дојде со голот на Умут Наири во 71.минута.
Ријека, во 96.минута, ја имаше најдобрата шанса да го избегне поразот, меѓутоа пеналот што го изведе Франко Андијашевиќ го одбрани голманот на Хајдук Ловре Калиниќ.
Актери на дербито беа и двајца Македонци, Дарко Велковски го одигра само првото полувреме за Ријека, додека Јани Атанасов кај Хајдук влезе на теренот во 80.минута.
Со оваа победа Хајдук и се доближи на Ријека, која е на четвртата позиција на табелата, на само три бода.